Mountaineering Instructors Seminar in Skopje, Republic of Macedonia

Mountaineering Instructors Seminar in Skopje, Republic of Macedonia.

In the period between October 26th and 28th, 2018, Macedonian Mountaineering Sports Federation (MMSF) has organized a Mountain Instructors Seminar with the main subject “Experience exchange in organizing Mountaineering Guides Trainings”. Thirty participants from: MMSF, Croatian Mountaineering Federation, Kosovo Mountaineering and Alpinism Federation and Albanian Mountaineering and Touristic Federation actively participated in the theoretical presentations and practical exercises.
Our Croatian colleagues were very kind to present their Mountaineering Guides Training Programme in details. They have presented UIAA standards and qualifications,presentations and mountaineering literature as educational devices, rope workand orientationexercises, building of improvised stretchers, as well. Great example of well tuned mountaineering guides training was the final exercise were hiking, guides addressing to participants, orientation, accident, first aidand rescue were included.
The Seminar was great opportunity to become acquainted with the colleagues from Croatia, Kosovo and Albania and to establish connections for further cooperation.

……

СЕМИНАР ЗА ПЛАНИНАРСКИ ИНСТРУКТОРИ

Од 26 до 28 октомври 2018, во организација на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), на Водно, Скопје, Република Македонија, беше одржан семинар за планинарски инструктори на тема „Размена на искуства во организирањето на обуки за планинарски водичи“. На семинарот присуствуваа 14 регистрирани планинарски водичи, предавачи и презентери на досегашните обуки за планинарски водичи од ФПСМ, четворица планинарски инструктори од Хрватскиот планинарски сојуз (ХПС), осумина учесници од Косовската федерација на планинари и алпинисти, како и четворица од Албанската планинарска и туристичка федерација.
Семинарот започна со претставување на програмата на образование на планинарските водичи на ФПСМ и на ХПС, како и структурата и организацијата на планинарските спортови на Косово и во Албанија.
Нашите колеги од Хрватска презентираа нивните искуства во организирање на обуки за планинарски водичи, нивните испити и испитни критериуми, стандардизирани презентации и планинарска литература како средство за едукација, како и UIAA стандардите и квалификации.
Беа изведени вежби за: изработка на огради од јаже, ориентација, изработка на импровизирани биваци и транспортни носила. Третиот ден беше одржана и завршна вежба (планинарска акција, обраќање на водичите, ориентација, несреќа, прва помош и спасување).
Она што на сите ни остави впечаток е одличната организација на тимот за изведба на обуки за планинарски водичи во ХПС, извонредниот начин на презентирање на искуствата и многубројните пишани материјали за планинарство.
Се разделивме со искрени ветувања за понатамошна соработка на планинарските водичи и инструктори од Македонија, Хрватска, Косово и Албанија.

Share
Posted in Archive, News.